Утрински Весник
Свет

Блинкен разговарал со Лавров за ослободувањето на Американците и Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вечерва соопшти дека разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од кого побарал ослободување на двајцата приведени Американци и Москва да ги исполни ветувањата од договорот за извоз на жито од Украина.

dobivaj vesti na viber

Тоа беше прв телефонски разговор меѓу Блинкен и Лавров од почетокот на руската воена операција во Украина на 24 февруари, јавуваат агенциите.

Ентони Блинкен, исто така, рече дека му ја нагласил на Сергеј Лавров важноста Русија да го исполни договорот за да дозволи извоз на украинско жито блокиран во пристаништата на Црното Море и го предупреди на последиците доколку Москва продолжи со сомнителните планови за анексија на делови од источна и јужна Украина.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик