Утрински Весник
Економија

ЕСМ со КЕК од Косово почнаа засилена соработка за полесно надминување на енергетската криза

АД ЕСМ и косовската државна енергетска компанија КЕК почнаа засилена соработка заради полесно надминување на енергетската криза и на состојбата со следната грејна сезона.

dobivaj vesti na viber

На состанокот што се одржа во АД ЕСМ на ниво на највисоко раководство, се разгледуваа можностите како јагленот од Косово да се користи во електраните во Северна Македонија, како и можноста за взаемна поддршка меѓу двата система.

На состанокот присуствуваа генералниот директор на АД ЕСМ,  Васко Ковачевски, Управниот одбор на АД ЕСМ, генералниот директор на КЕК Нагип Красниќи и советникот во министерството за економија на Косово, Милот Келменди.

Заклучено е дека работни групи од двете државни компании во најкусо време ќе ги договорат постапките за ефектурирање на договорената соработка, како и дека владите на двете земји, односно министрите за економија да бидат информирани за претстојните чекори, кои се во рамките на договорената меѓудржавна соработка во делот на енергетиката од страна на министрите Крешник Бектеши и Артане Ризваноли во декември 2021г.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот