Утрински Весник
Свет

Вучиќ најави дека Србија би можела да и’ помогне на Македонија со струја и храна ако се продлабочи кризата

Српскиот претседател, Александар Вучиќ во интервју за ТВ Пинк рече дека во рамките на проектот Отворен Балкан секој може секому да помогне и дека тоа е многу важно, особено во време на криза.

dobivaj vesti na viber

„Можеме да им помогнеме на сите со гас, со струја и храна во Северна Македонија“, рече Вучиќ на прашањето кој кому може да помогне во рамките на Отворен Балка ако дојде до поголеми кризи.

Тој објасни: „Да речеме дека има денови кога хидролошката состојба е подобра, па Албанија може да и’ помогне на Северна Македонија со струја, па и на Србиа, обратно – Србија може да им помогне.

„Тоа се важни работи“, истакна Вучиќ и додаде дека Србија платила и два руски противпожарни хеликоптери кои носат кофа од 5.000 литри и ќе можат да им помогнат на сите.

На прашањето како ќе пристигнат тие летала, Вучиќ рече дека ќе пристигнат нормално, бидејќи тоа не е оружје што некој би го забранил.

Можете да прочитате

Проектил погодил брод во близина на Катар

Путин праќа морнарица да ги придружува руските танкери за нафта во Средоземното море

Оман до САД: Изгубивте контрола, запрете ја војната