Утрински Весник
Свет

Грција и Кипар ја обвинија Турција за поттикнување на тензии

Грција и Кипар денеска ја обвинија Турција за поттикнување тензии.

dobivaj vesti na viber

Според нив, Турција тоа го прави подготвувајќи се да испрати брод опремен да бара природен гас во Средоземното Море на почетокот на следниот месец.

Такво очекување навести кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидес по средбата со неговиот грчки колега Никос Дендиас во Никозија, пренесува Ројтерс.

„Разговаравме за преземање одредени активности со надеж дека тоа ќе спречи создавање на какви било тензии во нашата ексклузивна економска зона“, рече Касулидес и додаде дека Никозија ќе дејствува на најдобар начин во договор со партнерите од ЕУ.

Тој посочи дека „остра и провокативна реторика доаѓа од Анкара, па би било добро да се спушти тонот“.

Агенцијата коментира дека тензиите се продлабочени во последниве години со преклопување на барањата за истражување на морските води, за кои се верува дека содржат големи количини природен гас.

Грција и Турција се гаранти на независноста на Кипар, заедно со Британија.

Можете да прочитате

Калас за прелетот на руски дронови над Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир 

Почина Чарли Кирк, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот