Утрински Весник
Свет

Макрон критикуван во Франција поради средбата со саудискиот принц

Францускиот политичар од Зелените, Јаник Џадот остро ја критикуваше одлуката на претседателот Емануел Макрон да приреди вечера за саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во Елисејската палата.

dobivaj vesti na viber

„Дали распарченото тело на новинарот Кашоги е на менито за Макрон и Мохамед бин Салман?“, на Твитер напиша Џадот, кандидат во првиот круг од претседателските избори претходно оваа година.

Нафтата и оружјето се на дневен ред, целосно спротивно на климатскиот хаос, мирот и човековите права, за што треба да се разговара, додаде пратеникот во Европскиот парламент.

Средбата беше критикувана и од левичарските политичари во Франција и од Амнести интернешенел.

Бин Салман е на својата прва европска турнеја по убиството на Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во октомври 2018 година. Американските разузнавачки служби велат дека наредбата за убиството ја дал директно Бин Салман, кој цврсто ја отфрла одговорноста.

Можете да прочитате

Тајлер Робинсонe осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Уапсен е осомничениот за убиството на Кирк, објави Трамп

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија