Утрински Весник
Македонија

Загина велосипедист кој удрил во паркиран автомобил

10 санкции за непрописно вградени фолии
Dik 300x250 mk

Загина велосипедист кој пред две недели удрил во автомобил во Битола.

dobivaj vesti na viber

Како што информираа од МВР, Ј.Б. (70) управувајќи велосипед удрил запрено патничко возило „фолксваген шаран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.И. (51) од Битола.

По несреќата Ј.Б. бил пренесен во Клиничка болница Битола каде што му биле констатирани телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување.

Подоцна, во текот на денот, Ј.Б. повторно се јавил во Клиничката болница Битола, при што му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што вчера починал на Клиниката за неврохирургија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

МВР опомена 150 граѓани кои зборувале на телефон додека поминувале на пешачки

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид

ВЛЕН: Неуспехот не може да се рекалибрира, ДУИ/НАИ се затворено поглавје!