Утрински Весник
Магазин

Сè уште прекрасна по децении слава! Синди Крафорд изгледа исто толку добро како во 90-тите

Синди Крафорд продолжува да зрачи со својата харизма и неминлива убавина. Нејзиниот безвременски шарм отсекогаш пленел, па и денес, кога е во средината на нејзината петта деценија, таа е во совршена форма.

dobivaj vesti na viber

Една од најкултните модни икони од 90-тите не само што ги краси насловните страници на „Вог“, туку во средата на својот Инстаграм сподели фотографија во бикини.

Моделот на „Вог“ (56) има рамен, затегнат стомак и совршено тонирани нозе додека позира во темно-сино бикини од „Мелиса Одабаш“ со кремаста наметка одозгора.

Кралицата на модните писти успеа да го задржи својот убав изглед иако со манекенски бизнис се занимава веќе 40 години.

Ѕвездата моментално е на одмор со своето семејство.

Светскиот супермодел и моден могул, како што ја нарекуваат таблоидите, знаеше да го преточи својот манекенски успех во голем бизнис.

Нејзин најуспешен бренд е линијата за нега на кожа Meaningful Beauty.

„Значајната убавина со причина се нарекува значајна убавина. Д-р Себаг и јас навистина размислувавме за тоа како сакаме секој производ да биде значаен, да има вистински, ефикасни резултати“, рече таа во интервју за „Венити фер“.

Крафорд нагласи дека, откако почнала да ги користи сопствените производи за убавина и против стареење (анти-ејџинг препарати), нивото на самодоверба на нејзините многубројни корисници се зголемило како резултат на тоа.

„Се гледате во огледало и си велите: изгледам прилично добро денес. И тогаш ќе излезете надвор, и, што и да правите, ќе го направите подобро,“ вели таа.

Синди, исто така, смета дека на козметиката може да се гледа како на метод за подигање на самодовербата.

„Единствена важна причина е: како се чувствувате? Ако се чувствувате посигурни, таа самодоверба влева сè што правите,“ рече таа.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста