Утрински Весник
Свет

Британски советник: Светот беше побезбеден за време на Студената војна

Западот ризикува да влезе во нуклеарна војна бидејќи не разговара доволно со Русија и Кина, изјави денеска британскиот советник за национална безбедност Стивен Лавгроув.

dobivaj vesti na viber

Тој тврди дека светските суперсили подобро се разбирале за време на Студената војна и дека недостатокот на дијалог ја зголемил можноста за погрешна пресметка, пренесе „Би-Би-Си“.

Тој додаде дека сме во „нова ера на ширење“ каде опасното оружје е лесно достапно.

Лавгроув зборуваше во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, фокусирајќи се на последиците од рускиот напад врз Украина и како што тој го нарече „лидерски натпревар во ерата по Студената војна“.

Тој рече дека, за време на децениите на Студената војна, западните сили имаа корист од прерогативи кои придонесоа за „разбирање на советските доктрини и способности, а тоа важи и во спротивна насока“.

– На двете страни им даде повисоко ниво на самодоверба, за да не погрешно пресметаме и да не влеземе во нуклеарна војна. Меѓутоа, денес ги немаме истите основи со оние кои можат да ни бидат закана во иднина, конкретно, мислам на Кина – рече Лавгроув.

Можете да прочитате

Канал 12: Нетанјаху му ветил на министерот Смотрич, по 60-дневниот прекин на огнот во Газа, ќе се врати во војната за да го уништи Хамас

Иранскиот министер за надворешни работи го исмејува Нетанјаху: Што точно тој пуши?“

Израелски сили уапсија голем број Палестинци при рации на Западниот Брег