Утрински Весник
Свет

Бајден ја прекина изолацијата поради ковид

Американскиот претседател Џо Бајден повеќе не е во изолација откако доби два негативни теста за коронавирус.

dobivaj vesti na viber

Тој беше тестиран минатата ноќ и повторно денеска, според лекарот на Бајден, Кевин О’Конор. Во писмото на О’Конор објавено од Белата куќа, се наведува дека Бајден го завршил лекувањето со лекот паксловид и нема температура.

Со оглед на овие фактори и два негативни теста, Бајден ги прекинува строгите мерки за изолација, пренесува АП.

Во текот на денот се очекува тој да присуствува на состанок во Белата куќа.

Можете да прочитате

Зеленски: Ни понудија членство во НАТО, ако се откажеме од Донбас

ИРГК: Иран има ракети со двотонски боеви глави и дострел од 1.500 км

Мајкрософт се врати во нормала