Утрински Весник
Свет

Захарова: ЕУ и САД направија робови oд украинскиот народ

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска на Радио Спутник изјави дека акциите на земјите од Европската унија и САД ја довеле Украина во позиција на ропство во однос на Западот.

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

Захарова ги коментираше зборовите на германската министерка за надворешни работи Аналена Бурбок, која тврди дека изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Русија „ќе му помогне на народот на Украина да се ослободи од антинародниот и антиисторискиот режим на Киев“ укажува на намерата на Русија целосно да ја потчини Украина.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

„Можам да и’ одговорам дека акциите на нејзината земја, заедно со акциите на земјите од ЕУ и САД,  ги направија Украина и украинскиот народ целосно ропски зависнa од западните земји“, рече Захарова.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред два дена рече дека Москва е решена „да им помогне на Украинците да се ослободат од товарот на овој апсолутно неприфатлив режим“.

Лавров ги обвини Киев и западните сојузници дека „шират пропаганда со цел Украина да стане вечен непријател на Русија“, пренесува АП.

„Рускиот и украинскиот народ ќе продолжат да живеат заедно. Ние секако ќе му помогнеме на украинскиот народ да се ослободи од режимот кој е апсолутно антинационален и антиисториски“, додаде Лавров.

 

Можете да прочитате

Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица

Израел извршил воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Иранската влада свика итен состанок по смртта на Раиси