Утрински Весник
Економија

ЕУ со критики кон Газпром: Нема техничка причина, ова е политички мотивиран чекор

Најавата на рускиот гигант Газпром дека дополнително ќе ја намали испораката на гас во Европа оваа недела е политички мотивирана, изјави шефицата на енергетската политика на Европската унија, Кадри Симсон.

dobivaj vesti na viber

Таа ги оспори наводите на рускиот гасен холдинг дека поради редовно одржување мора да ја прекине работата на друга турбина на гасоводот Северни Ток 1, со што ќе се намали протокот на гас преку тој гасовод до Германија.

„ Знаеме дека нема техничка причина за тоа. Ова е политички мотивиран чекор и мора да бидеме подготвени за тоа. Токму поради оваа причина, превентивното намалување на нашата потрошувачка на гас е мудра стратегија“ изјави Симсон по пристигнувањето на состанокот на министрите за енергетика на земјите од ЕУ во Брисел.

Таа додаде дека очекува министрите да постигнат договор за вонредните правила на ЕУ кои бараат од земјите да ја ограничат својата побарувачка за гас.

Газпром наеднаш, без претходна најава, го зголеми притисокот во гасоводот што испорачува руски гас во Европа, соопшти денеска украинскиот државен гасовод.

Како што предупреди украинската компанија, ваквото зголемување на притисокот може да предизвика итни ситуации, вклучително и пукање на гасоводи, а операторите на гасоводот се обврзани да се известат однапред.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик