Утрински Весник
Магазин

Почина актерот Пол Сорвино

Пол Сорвино, можеби најпознат по улогaта на Пол Цицеро во гангстерскиот еп на Мартин Скорсезе – „Добри момци“ (Goodfellas), почина на 83-годишна возраст, соопшти во понеделникот портпаролот на актерот.

dobivaj vesti na viber

Сорвино, исто така познат по портретирањето на полицискиот наредник Фил Серета во ТВ-сериjaта „Закон и ред“ (Law and Order) од 1990-тите, работеше во филмот и телевизијата повеќе од 50 години.

Тој одлично глумеше и гангстер и полицаец.

„Господин Сорино почина во клиниката Мајо во Џексонвил, Флорида,“ изјави портпаролот.

Смертта на актерот ја потврди е неговата сопруга Ди Ди. „Нашите срца се скршени, никогаш нема да има друг Пол Сорвино. Тој беше љубовта на мојот живот и еден од најголемите изведувачи што некогаш ги красел екранот и театарската сцена, изјави таа за „Холивуд рипортер“.

Можете да прочитате

Првпат во историјата на Оскарите еден филм освои дури 16 номинации

Кои се предностите од редовниот тренинг дома во зима

Што се случува со мозокот кога редовно внесуваме омега-3 масни киселини?