Утрински Весник
Свет

Ердоган: Нема компромис за членството на Шведска и Финска во НАТО

Dik 300x250 mk

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема да заземе позитивен став за кандидатурата на Шведска и Финска за членство во НАТО доколку тие не ги исполнат своите ветувања за борба против тероризмот.

dobivaj vesti na viber

„ Додека не престанат да ги поддржуваат терористичките организации да дејствуваат против нашата земја, не треба да очекуваат позитивен пристап од нас“, изјави Ердоган за телевизијата ТРТ, пренесува Анадолија.

Тој исто така рече дека никој не треба да очекува отстапки од Турција и дека Анкара постојано предупредува дека никој не треба да ги поддржува терористите на ПКК, како и ФЕТО.

Шведска и Финска поднесоа барање за влез во НАТО во јуни, но Турција се спротивстави на тие понуди поради, како што наведува, толеранција и поддршка на терористичките групи.

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи