Утрински Весник
Македонија

Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата информира дека попладнево со еден армиски хеликоптер МИ-8/17 и исфрлени 5 тони вода, се интервенираше во локализирање на пожарот кој е присутен во околината на Армискиот полигон „Криволак“, поточно на неговиот краен источен дел во близина на месноста „Орлово брдо“.

dobivaj vesti na viber

Оттука оценуваат дека нема опасност од ширење на пожарот.

“Во моментот пожарот е со мал интензитет со линија на протегање од 700-800 метри и истиот поради слабиот интензитет на ветерот нема зафатено поголема површина на западната страна на „Орлово брдо“. Армиските и инфраструктурни објекти од особено значење се на безбедно растојание од 5-7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот и истите согласно армиските процедури дополнително се обезбедени и со инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина согласно проценките“, велат од Министерството за одбрана.

Армискиот хеликоптер кој дејствуваше во координација со припадниците на Армијата од АП Криволак доколку има потреба ќе интервенира утре во раните утрински часови.

Во текот на денешниот ден во утринските часови со пилотите од воздухопловниот ВИНГ интервенирајќи непрекинато 3 часа соисфрлени 42 тони вода во атарот на населеното место Богданци, со што беше спречено да се префрли пожарот кон населени места и помогна истиот да се стави под контрола, информираа од Министерството.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?