Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Кит излезе од морето и удри во брод во близина на американскиот брег

Img 7972

Грбав кит излезе од морето и делумно заврши на предниот дел на брод во близина на брегот на Плимут, Масачусетс. Средбата меѓу китот и бродот е снимена на камера и многу брзо стана главна вест на американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Капетан на пристаништето во Плимут, Чад Хантер, изјави за бостонскиот NBC10 дека блиската средба со китот се случила во близина на брегот на плажата White Horse. Китот предизвикал мала штета на лакот на пловилото, но нема повредени.

https://www.youtube.com/watch?v=1rHoI7ED6OU

„Бродот беше на погрешно место во погрешно време. Навистина е среќа што никој не беше повреден. Вакво нешто е многу ретко и опасно“, изјави капетанот на пристаништето.

Луѓето кои со години ловат риба во близина на брегот на Плимут и добро ја познаваат областа велат дека никогаш не виделе нешто слично.

„Китот скокна од морето, се слушна тресок. Лудо… Китот заврши на лакот на бродот. Не можев да верувам дека бродот може да продолжи да плови”, коментира еден од сведоците на настанот.

Дента имало многу рекреативни рибарски чамци во областа. Мамките што ги користеле рибарите ги привлекле китовите, објасни капетанот.

„Китовите беа таму три дена, исто како и бродарите. По блиската средба меѓу китот и бродот, знаеме дека тоа би можело да е проблемот. Китовите се прекрасни суштества, но луѓето треба да се држат настрана. На крајот на краиштата, тие се диви животни “, рече капетанот.

Толпи луѓе се собраа со надеж дека повторно ќе ги видат китовите.

Можете да прочитате

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир

Европратениците ги отфрлија иницијативите за недоверба на Европската комисија

ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа