Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец кој вршел недозволена трговија со дрога

Синоќа околу 22.15 часот на ул.„Џон Кенеди“ од страна на полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција лишен е од слобода М.М.(30) од скопско.

dobivaj vesti na viber

Имено, откако полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, М.М., управувајќи го возилото, се дал во бегство, при што удрил и оштетил службено полициско возило. Откако бил запрен, при извршен преглед во возилото „ауди“ било пронајдено пакување со кокаин, дигитална вага за мерење и предмети со остатоци од кокаин.

Лицето е приведено во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија