Утрински Весник
Свет

Хенри Кисинџер: Украина не треба да ѝ отстапи ниту еден дел од својата територија на Русија

Геостратегот и поранешен државен секретар на САД, Хенри Кисинџер, го промени својот став за руската агресија врз Украина, велејќи дека Украина не треба да отстапи ниту еден дел од својата територија во евентуалните мировни преговори.

dobivaj vesti na viber

Тој го советуваше ова во интервју за германскиот јавен сервис ЗДФ и го повика Западот да биде јасен за тоа што може и што не може да се преговара.

Тој посочи дека темите на разговор треба да се утврдат во консултација со Украинците. Ваквиот став на Кисинџер е сосема спротивен од оној што го имаше во мај.

Потоа, на Светскиот економски форум (СЕФ), на кој зборуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Украина треба да отстапи дел од својата територија за да воспостави мир, пренесува Ал Џезира Инглиш.

Можете да прочитате

Илјадници луѓе протестираат во Турција поради притисокот врз новинарите и медиумите

Ким Џонг Ун во посета на Кина

Десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид поради обидите за приватизацијата на јавниот пензиски систем