Утрински Весник
Свет

Европол: Оружјето од Украина се шверцува во ЕУ

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европол има индиции дека се шверцува оружје од Украина во Европската унија, се вели во писмото на Европол до Советот на Европската унија, пренесува Дојче веле.

dobivaj vesti na viber

Постои страв дека поголеми количества оружје и муниција би можеле да паднат во рацете на криминалните банди, се вели во документот што го видел германскиот јавен сервис SWR.

„Земјите-членки на ЕУ и оперативните партнери пријавија случаи на криминални мрежи кои дејствуваат во регионот, вклучително и шверц на значителни количества огнено оружје и муниција, вклучително и воено оружје“, се вели во писмото, разгледувајќи го влијанието на војната во Украина и терористичките закани кон ЕУ.

Можете да прочитате

Шведската царина врши контрола на руски брод под санкции

Зеленски бара уште една средба со европските сојузници

Жители на украински села биле киднапирани и присилно однесени во Русија