Утрински Весник
Македонија

Мотоциклист и неговиот сопатник повредени во сообраќајна несреќа во Куманово

Синоќа во 11.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(23) од Куманово и мотоцикл „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(38) од Куманово.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од мотоциклот, Н.К.(29) од Охрид, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентниот центар во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Две девојчиња повредени, пожар и искршени дрвја од силниот ветер во Битола

Јаневска во посета на Јапонија – отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката

Тамара Котевска го освои „британскиот оскар“ за документарен филм