Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло, попладне со мала облачност и максимални температури до 42 степени

Денеска се очекува сончево и многу топло време, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен, а во северните делови од северен правец.

dobivaj vesti na viber

Кон крајот на денот северниот ветер долж Повардарието ќе засилува и ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена. УВ=9

Во Скопје, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Доцна попладне и кон крајот на денот ќе дува засилен северен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.

И во следните денови подрачјето на нашата земја ќе се задржи под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури.

Нестабилност на повеќе места се очекува во среда и во четврток во попладневните часови.

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?