Утрински Весник
Магазин

(Видео) Брус Вилис и неговата ќерка танцуваат, видеото станало хит на Инстаграм

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис објави видео на Инстаграм од актерот и нивната ќерка Мејбел Реј како танцуваат.

dobivaj vesti na viber

Покажувајќи ги потезите на виралната верзија на пејачката Лизо на About Damn Time, Мејбел го иницира танцот со движење на колковите напред-назад пред актерот да се обиде, а неговиот обид го насмеа девојчето, пренесуваат светските медиуми.

Видеото, според написите, досега го погледнале повеќе од 30.000 луѓе.

„Супер си“, „Брус, колку ми е убаво што те гледам насмеан и среќен“, „Ова е премногу добро“, „Веднаш ми го загреа срцето“, „Брус, мило ми е што уживаш со семејството “, биле само дел од коментарите под видеото.

Медиумите потсетуваат дека во април беше објавено дека славниот актер се повлекува од актерството. Имено, тој боледува од афазија, медицинска состојба која влијае на неговите когнитивни способности.

Можете да прочитате

Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот