Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Барањето референдум е фарса на Мицкоски, отатко пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побегнаа од гласање

Барањето на Христијан Мицкоски за референдум против заклучоците на Собранието, против чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ е ништо друго освен негова фарса наменета исклучиво за внатрепартиски потреби. Граѓаните ззнаат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараа референдум и за Договорот од Преспа а на крај тој референдум го бојкотираа, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека Мицкоски го тераше членството да се потпишува на парагон блокови за референдум против пописот па на крајот се откажаа и од тоа. Мицкоски и неговите пратеници не смогнаа сили ниту достоинство да гласаат против во македонското Собрание, побегнаа и од дебатата и од гласањето. Не му се виновни граѓаните за тоа.

СДСМ, заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи. Референдум против македонски јазик во ЕУ нема да поддржиме.

Мицкоски и неговиот проруски партнер Апасиев останаа изолирани на погрешната страна на историјата, против Европската унија, против стратешките определби на земјата и граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Трајчулевски: Ребалансот носи сиромаштија за граѓаните а луксуз за власта

Нормализиран за сообраќај патот А3 Делчево – граничен премин Делчево

Меџити: Бујар Османи живее во дивоградба