Утрински Весник
Спорт

Нагелсман: Хари Кејн е фантастичен, но и многу скап

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман ги подгреа шпекулациите дека Хари Кејн би можел да премине во баварскиот гигант. Тој не ја негираше таквата можност на прашањето за капитенот на Англија, иако потенцираше дека тоа е многу скап и тешко достижен трансфер.

dobivaj vesti na viber

„Тој е многу скап, тоа е проблемот, но секако е фантастичен играч. Еден од ретките кој може да игра како центарфор и како број „10“. Многу е силен, брилијантен со глава и со двете нозе. Секако дека би постигнал многу во Бундеслигата. Не знам која е неговата цена, но за Баерн ќе биде тешко да го купи. Ќе видиме што ќе се случи во иднина“, изјави Нагелсман.

Кејн има договор со Тотенхем до 2024. Минатото лето сакаше да замине, но клубот не му дозволи да прејде во Манчестер Сити. По доаѓањето на Антонио Конте, напаѓачот се чини дека се чувствува многу поудобно бидејќи ја гледа можноста тимот да се бори за трофеи во блиска иднина.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет