Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Реализираме стратешка цел, почеток на преговори со ЕУ и обезбеден македонски јазик

Реализираме уште една стратешка цел на државата и на граѓаните поставена уште на денот на независност, а тоа е полноправно членство во ЕУ. По 17 години од добивањето кандидатски статус, Република Северна Македонија ги започна преговорите за членство во Европската унија, со одржување на првата меѓувладина конференција, по која започна скриниг процесот. Во ЕУ влегуваме како Македонци, со обезбеден македонски јазик, без фусноти и придавки, со заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека Македонскиот јазик е заштитен со чиста формулација без фусноти и ѕвездички и тој ќе биде рамноправен со останатите јазици во големото европско семејство.

Нашиот македонски јазик, идентитет, традиција, култура, посебност стануваат дел од Европската унија.

Го продолжуваме европскиот пат, иднината на нашата држава и нашите граѓани е европска, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт