Утрински Весник
Македонија

Прилепчанец се скарал со синот па му го запалил автомобилот

Прилепчанец се скарал со својот син, па му го запалил автомобилот, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Лицето е приведено.

„Полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.К.(47) од Прилеп. Имено, постапувајќи по пријава дадена во 16.47 часот според која на улица ,,Бистра Планина” во Прилеп настанал пожар во патничко возило “бмв”, без регистарски ознаки, сопственост на М.К.(26) од Прилеп, преземени се мерки и активности, пожарот е изгаснат од територијалната противпожарна единица, извршен е увид и е констатирано дека пожарот на возилото го предизвикал приведениот, татко на оштетеното лице, по претходна меѓусебна семејна расправија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за ,,Предизвикување општа опасност” по чл.288 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Љутков: По инцидентот во Кочани, вонредна инспекција покажа дека дел од културните објекти се небезбедни за јавноста

Република Северна Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК

Мицкоски оди за Црна Гора на самитот ЕУ – Западен Балкан