Утрински Весник
Македонија

Пожарот во Беровско уште е активен

Високите температури, а особено ветерот прават големи проблеми во обидите да се стави под контрола пожарот што веќе втор ден гори на потегот меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци.

dobivaj vesti na viber

 

Со пожарот се борат околу 100 луѓе, пожарникари од Берово, но и од Виница, Кочани, Радовиш, Струмица и од други градови, како и специјални тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, на Центарот за управување со кризи, полиција, гранична полиција и вработени во „Македонски шуми“.

Во текот на денот во гаснењето на пожарот беше активиран и хеликоптер на МВР. Бил вклучен и авионот „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Според информациите некаде до пладне пожарот беше стивнат, но потоа од 12 до 16 часот повторно се разгоре.

Попладнево пожар имаше и кај месноста Скараница, Виничко. Центарот за управување со кризи информираше пожарот бил изгасен за неколку часа од пожарникарите од Виница и локалното население. Во пожарот изгореа 10 до 15 хектари мешана шума и трева, како и еден овоштарник со сливи.

Според првичните проценки од Национални шуми досега со пожар беа зафатени околу 60 хектари дабова шума.

Можете да прочитате

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето