Утрински Весник
Македонија

Останал без одмор и без пари – Гостоварец измамен од туристичка агенција

Триесет и шестгодишен маж од гостиварско село пријавил дека бил измамен од  сопственик на туристичка агенција од Скопје за сума од 1500 евра.

dobivaj vesti na viber

„На 21.07.2022 во 19.30 часот во Полициската станица Гостивар, 36-годишен маж од гостиварско село пријавил дека бил измамен од М.К.(36) од Скопје, сопственик на туристичка агенција од Скопје за сума од 1500 евра и 500 швајцарски франци. Според пријавеното, на 18.05.2022 резервирал термин за одмор за 13.07.2022, по што со нотарски договор му ги дал парите. Како што е пријавено, М.К. ниту му резервирал термин за одмор, ниту пак ги вратил парите“, велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Силниот јужен ветер може да предизвика штети кај дуњите, јапонските јаболка и калинките

Мицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче” во Инџиково

Фрчкоски: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот