Утрински Весник
Свет

Русија ја прогласи Хрватска за непријателска држава, Милановиќ: Ова е многу опасна ситуација

Ние сме во непријателство со Русија, но не толку активно како другите земји, изјави денеска претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, откако руската влада објави дека ја вклучила Хрватска во списокот на непријателски земји.

dobivaj vesti na viber

„Не е воена состојба, но трае со месеци. Ние сме во непријателство со Русија. Во неа учествуваме не толку активно како другите земји кои де факто војуваат, за да не се лажеме себеси. Ова е многу опасна ситуација која се заканува да прерасне во нешто неразбирливо, се надевам дека не. Сега можам да се надевам, не можам ништо друго“, го коментираше Милановиќ последниот потег на Русија кон Хрватска, пренесе „Индекс“.

Руската влада ја додаде Хрватска на списокот на непријателски земји против кои се преземаат контрамерки, заедно со Словенија, Грција, Данска и Словачка, објави претходно денеска РИА Новости.

Хрватска и Словенија повеќе не можат да вработуваат локален персонал во нивните дипломатско-конзуларни претставништва, а Грција има ограничување од 34 лица, Данска 20, а Словачка 16 лица.

„Списокот одобрен од владата не е конечен и со оглед на продолжувањето на непријателските дејствија на странски држави насочени против руските мисии во странство, тој може да биде проширен“, се вели во соопштението на руската влада.

Можете да прочитате

ММФ: Развиените земји мораат да го намалат долгот поради растот на трошоците за задолжување

Трамп во јули направил повеќе од 1.000 берзански трансакции, вредни до 270 милиони долари

Гутереш: Нема алтернатива решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт