Утрински Весник
Спорт

20.000 навивачи на Национал се „маскираа“ во Суарез

20.000 навивачи на Национал се „маскираа“ во Суарез

Нова димензија доби акцијата на навивачите на Национал да го вратат Луис Суарез во овој клуб.

dobivaj vesti na viber

Откако на „Твитер“ беше отворен хаштагот „#SuarezANaciona“l, 20.000 навивачи носеа маски на Суарез на натпреварот на клубот во четвртокот.

Во деветтата минута, бројот со кој се прослави Суарез, навивачите почнаа да скандираат „Оле, оле, Лучо, Лучо“.

На фанатичните Уругвајци можеби ќе им се оствари сонот, бидејќи гласни се најавите дека Суарез ќе се врати дома. Тој бара клуб каде што ќе игра редовно, за да биде во полна форма за Светското првенство.

Суарез дебитираше во дресот на Национал на 18-годишна возраст, а како 19-годишник замина во Европа, каде изгради блескава кариера во Гронинген, Ајакс, Барселона и Атлетико Мадрид.

 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина