Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Приведено е лицето кое оштети 18 паркирани возила на подрачјето на скопски Центар

Img 7972

Денеска полициски службеници од Полициска станица Центар при СВР Скопје го привеле С.А.(48) од Скопје, постапувајќи по пријави од граѓани примени во 07.25 и 07.40 часот, според кои во катната гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар било извршено оштетување на нивните патнички возила.

dobivaj vesti na viber

Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на местото на настанот и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички возила коишто биле паркирани во катната гаража, според информациите од портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа, а по дополнителни мерки утврден е сторителот кој ги извршил оштетувањата, кој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

За случајот е известен Јавен обвинител по чии насоки делото е класифицирано по чл.243 од Кривичниот законик и се гони по приватна тужба, а од страна на МВР ќе се преземат сите неопходни активности за документирање на делото.

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива