Утрински Весник
Свет

Мајмунските сипаници може да станат нова сексуална болест во Америка

Dik 300x250 mk

Ширењето на мајмунските сипаници во САД би можело да биде почеток на нова сексуално пренослива болест, пишуваат американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Некои експерти стравуваат дека мајмунските сипаници ќе станат толку широко распространети што би можеле да станат сексуално преносливи болести како херпес, гонореја и ХИВ. Од друга страна, постојат тврдења дека ширењето на болеста на почетокот би можело да се ограничи.

Никој не е сигурен дали ширењето на епидемијата можело да се спречи, но некои веруваат дека вакцините и тестирањата сепак можат да помогнат. Досега, повеќе од 2.400 случаи се пријавени во САД како дел од меѓународната епидемија што се појави пред два месеци.

Здравствените власти не се сигурни колку брзо се проширил вирусот. Тие имаат само ограничени информации за луѓето на кои им е дијагностицирана болеста и не знаат колку заразени луѓе несвесно ја шират. Тие исто така не знаат колку добро функционираат вакцините и третманите.

Покрај тоа, здравствените власти во САД немаат овластување да собираат и поврзуваат податоци за тоа кој е заразен и кој е вакциниран. Со толку големи прашања, предвидувањата за тоа колку голема ќе биде епидемијата во САД ова лето варираат – се вели дека бројките може да бидат и до 13.000, но дури и 10 пати повеќе од таа бројка.

Можете да прочитате

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си – Трамп