Утрински Весник
Спорт

Вест Хем испратиле понуда за Филип Костиќ

Dik 300x250 mk

Репрезентативецот на Србија, Филип Костиќ е трансфер-цел на Вест Хем, објави новинарот на британски „Гардијан“, Џејкоб Стајнберг. Според овој извор, Вест Хем ги има парите кои се потребни за ангажманот на фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт.

dobivaj vesti na viber

На „чеканите“ им треба засилување на левата бековска позиција. Костиќ има опција да остане во Германија и да игра во Лигата на шампионите со Ајнтрахт, но играњето во Премиер лигата, најсилното првенство во светот, има свои предизвици.

Српскиот фудбалер летово се поврзуваше со Јувентус, но Италијанците се откажаа од трансферот.

Костиќ минатата сезона постигна седум гола и имаше 15 асистенции во Бундеслигата и Лига Европа, во која со Ајнтрахт ја освои титулата победувајќи го Глазгов Ренџерс во финалето.

Костиќ кариерата ја започна во Раднички од Крагуевац, а настапуваше и за Гронинген, Штутгарт и Хамбург.

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата