Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Очигледно само Мицкоски е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Според официјалните податоци само Христијан Мицкоски е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно проф.др. Христијан Мицкоски е толку сестрана и комплексна личност што може самиот тој да биде единствен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно и негов претседател, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека претседателот на ИК Мицкоски предлага нешто, на пример дека треба да се одржи референдум, ама се уште не знае како треба да гласи прашањето, па членот на ИК Мицкоски едногласно го поддржува предлогот.

Тоa е демократијата во Белата плата. Седниците на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се најобична фарса, таму ништо не се одлучува, само се исполнуваат желбите на Мицкоски, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт