Утрински Весник
Македонија

ИК на ВМРО-ДПМНЕ едногласно ја прифати иницијативата за референдум

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно ја прифати иницијативата за одржување референдум и народно изјаснување во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација на Македонија, изјави на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека во следниот период партијата започнува процес на широка консултација со експертската и општествената јавност за природата,карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување чија крајна цел е народно спротивставување на идентитетско обезличување.

Сајкоски наведе дека Владата излажа за почетокот на преговорите, кои започнаа само за Албанија, но не и за Македонија.

Можете да прочитате

Силниот јужен ветер може да предизвика штети кај дуњите, јапонските јаболка и калинките

Мицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче” во Инџиково

Фрчкоски: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот