Утрински Весник
Свет

Русија и Украина утре потпишуваат договор за испорака на жито

Русија и Украина утре попладне во Истанбул ќе потпишат договор за извоз на жито, соопшти вечерва турското претседателство.

dobivaj vesti na viber

На церемонијата на потпишување ќе учествуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и претставници на Русија и Украина, соопшти турското претседателство.

Тоа е план на Обединетите нации да го деблокира извозот на украинското жито и да и дозволи на Русија да извезува жито и вештачко ѓубриво.

Гутереш работеше на план кој ќе и овозможи на Украина да извезува милиони тони жито од магацините блокирани во пристаништата на Црното Море во Украина поради војната. Тоа би можело да ја олесни глобалната криза со храна која ги зголеми цените на житото и другите житарки.

Страните се состанаа минатата недела во Истанбул кога беше постигнат пробен договор за планот.

Планот предвидува заедничка контрола на бродовите кога тие заминуваат и пристигнуваат во пристаништата на Црното Море и механизам за обезбедување на безбедноста на рутите, рекоа турските власти.

Во Истанбул ќе биде формиран координативен центар за испраќање извоз и ќе вклучува претставници од ОН, Турција, Русија и Украина.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија