Утрински Весник
Спорт

Македонија ЃП со десетмина на терен одигра 0:0 против ЦСКА Софија

Dik 300x250 mk

Македонија Ѓорче Петров ремизира без голови против ЦСКА Софија на комплексот на ФФМ и тоа може да се процени како успех, со оглед дека тимот на Муарем Бајрами цело полувреме играше со фудбалер помалку. Во 45 минута „лавовите“ останаа со десетмина по исклучувањето на Матеус Ламос.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерот на Македонија ЃП експресно доби два жолти картона и мораше да го напушти теренот. Сепак, и без него „лавовите“ успеаја да задржат реми без голови.

ЦСКА Софија еднаш се закани посериозно во првото полувреме, а во второто изгледни можности имаа Туфегџиќ и Крастев. Кај Македонија ЃП, Ермедин Адем имаше шанса што не ја искористи, а Мишевски од слободен удар шутира непрецизно.

Реваншот е за седум дена во Софија.

Можете да прочитате

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја

Денвер предводен од Јокиќ го надигра Голден Стејт

Со натпревари во Куманово и во Струга стартува 13.то коло во ПФЛ