Утрински Весник
Спорт

Почина легендарниот Уве Зелер

Легендарниот германски фудбалер Уве Зелер почина на 85-годишна возраст, јавуваат германските медиуми. Зелер играше за Хамбургер од 1946 до 1972 година и постигна 404 гола на 472 натпревара. Со Хамбургер освои една титула и еден кп.

dobivaj vesti na viber

Зелер одигра 72 натпревара за германската репрезентација од 1954 до 1970 година и постигна 43 гола.

Со репрезентацијата на Западна Германија го освои второто место на Светското првенство во 1966 година, а четири години подоцна беше трет со „панцирите“.

Трипати беше прогласуван за најдобар германски фудбалер на годината. Германските медиуми тврдат дека Зелер бил еден од најдобрите германски фудбалери на сите времиња.

Можете да прочитате

Волкановски ја одбрани титулата – светски првак

Алкараз е нов шампион на Австралија Опен

Лазаров: Треба да бидеме задоволни од извлекувањето