Утрински Весник
Спорт

Бугарија има нов селектор

Српскиот тренер Младен Крстајиќ и официјално беше претставен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението на Бугарската фудбалска федерација (БФС) се наведува дека Крстајиќ потпишал двегодишен договор.

“Мислам дека ова е чекор во вистинската насока. Младен е претставник на традиционално силна фудбалска и тренерска школа. Млад е и амбициозен, но има солидно искуство. Сигурен сум дека со својот авторитет ќе придонесе за подобра иднина на бугарската репрезентација“, изјави претседателот на БФС, Борислав Михаилов.

На Крстајиќ ќе му помагаат Немања Миличиќ и Стефан Јанковиќ, а тренер на голманите ќе биде Дарко Божовиќ.

Крстајиќ (48) во својата кариера ги водеше Макаби Тел Авив, ТСЦ и српската репрезентација од 2017 до 2019 година.
Новиот бугарски селектор ќе дебитира на 23.септември против Гибралтар на домашен терен, а три дена подоцна Бугарија ќе гостува во Скопје.

Можете да прочитате

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера