Утрински Весник
Македонија

Мехмедовиќ: Нема дополнителни ковид-мерки

Иако бројот на новозарзени со Ковид – 19 е во постојан пораст Комисијата за заразни болести нема да препорача дополнителни мерки, но од следната недела во Скопје почнуваат со работа пет нови ковид – амбуланти.

dobivaj vesti na viber

Доктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести извести дека на денешниот состанок заклучиле дека болничките капацитети за ковид – пациенти не се оптоварени, се наоѓаме во зелена зона и состојбата е стабилна, но големо оптоварување има кај матичните лекари.

„Најголемото оптеретување е на грбот на матичните лекари и поради тоа Комисијата работи на систем кој ќе биде во насока да се зајакне примарниот дел од здравствениот систем. Точно ги дефиниравме просторот опремата и кадарот за реорганизирање и од наредната недела почнуваат со работа пет ковид – амбуланти во Скопје, градот кој е најзасегнат со број на заразени. Ковид – амбулантите ќе бидат во Здравствените домови Идадија, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Ченто и Чаир“, најави доктор Мехемдовиќ.

Ковид – амбулантите ќе имаат работно време од 07.30 до 19.30, а во нив ќе работат матичните леакари на принцип на ротација, за што вели дека добиле согласност од нив.

„Ова е во координација со матичните лекари. Има нивен претставник во Комисијата за заразни болести кој доби задача да направи анкета. Одговорот беше позитивен, поголем дел сакаат да има ковид – амбуланти со едно дежурство. Дежурствата ќе бидат поретки, едно во два месеци. Дали ќе бидат дополнително платени не е побарано и не дискутирано, доколку побараат ќе биде дискутирано“, рече доктор Мехмедовиќ.

Тој очекува со новите амбуланти здравствените услуги да им бидат подостапни на заразените со Ковид – 19, да се избегне недостатокот од термини за тестирање оти во овие амбуланти ќе се прават брзите тестови за Ковид – 19.

Можете да прочитате

Ставен под контрола пожарот на депонијата „Краста“ во кумановско

SupportKocani ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија

Напаѓачот на Данела Арсовска, од домашен, оди во затворски притвор