Утрински Весник
Македонија

Ножеви и други забранети предмети пронајдени при претреси во прилепскиот затвор

Полициски службеници од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување, во координација со Управата за извршување на санкции, спроведоа координирана полициска акција во Казнено-поправниот дом Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Притоа, извршени се претреси во Казнено-поправниот дом Прилеп, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, во насока на превентивно дејствување и спречување на вршење  кривични дела во казнено-поправните установи.

При претресите се пронајдени и одземени: ножеви, мобилни телефони и полначи за мобилен телефон, парични средства во износ поголем од законски дозволениот кои осудените лица можат да ги поседуваат и др. Одземените предмети ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Овие претреси се во насока на превенција и спречување на вршење  кривични дела во казнено-поправните установи, со цел пронаоѓање  предмети кои се забранети за поседување согласно Законот за извршување на санкциите или се предмет на кривично дело извршено од страна на осудени лица од установата, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија