Ова мало теле го испуштило својот прв среќен звук со својот пријател куче, а денес, бик тежок над 450 килограми, мора да легне за да можат безбедно да играат, пренесува „Д’ Додо“.
„На почетокот беа речиси идентични по големина, беше како да гледате две кученца како играат“, вели сопственикот и додава: „Тие ѝ пристапуваат на играта на два различни начини, но многу добро се разбираат“.
Телето, по име Џон Луис, било донесено во засолништето за животни „Џентл барн“ кога имало само една недела.
„Беше сирак и имаше висока температура и беше многу болен. Од првиот ден се трудевме да му го спасиме животот“, вели сопственикот. „Нашето куче Скај го штитеше, го чуваше и минуваше денови лежејќи покрај него.“