Крис Хемсворт уште еднаш докажа дека е вистински кавалер одбивајќи да јаде месо пред снимање сцена од Тор: Љубов и молња“ во која треба да ја бакне Натали Портман.
Холивудската убавица го откри убавиот гест што Хемсворт го направил пред да ја сними сцената на познатиот бакнеж. Имено, актерката е вегетаријанка речиси цел живот, односно од својата деветта година, а во 2011 година стана веган.
Во текот на гостувањето во емисија на UK Capital FM радио, Портман откри детали од снимањето: „На денот на сцената со бакнежот, Хемсворт не јадеше месо тоа утро бидејќи јас сум веган. А инаку, тој јаде месо речиси секој половина час.”
Актерката имаше пофални зборови за својот колега: „Тоа беше толку внимателно од негова страна. Не е дека ме лути или дека премногу размислувам за фактот дека јаде месо, туку сакаше да биде внимателен. Тој е навистина добра личност“, објасни Портман.
Со оглед на тоа што Хемсворт консумирал огромни количества месо во подготовките за улогата на моќниот Тор, неговиот гест добива уште поголемо значење.