Утрински Весник
Спорт

Вака не се шутира „паненка“

Челси ремизираше со Шарлот (1:1) на подготвителната турнеја низ САД. На крајот по изведувањето на пенали, победи Шарлот. Мечот го обележа Конор Галахер, кој се посрамоти кога не успеа да реализира пенал за „сините“.

dobivaj vesti na viber

Конор Галагер зад себе има брилијантна сезона, во која како позајмен играч од Челси настапуваше во Кристал Палас. Минатата сезона за добрите игри беше награден и со повик во националниот тим.

Челси го врати младиот фудбалер во своите редови, тој е со тимот во САД, каде ќе се обиде да се наметне кај менаџерот Томас Тухел.

Во пенал серијата, Галагер катастрофално шутираше, се обиде со „паненка“, но топката заврши во рацете на голманот на Шарлот.

 

Можете да прочитате

Тренер по кревање тегови во Грција набавувал и снабдувал спортисти со допинг супстанции

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите

Ѓоковиќ падна на 12-то место на АТП листата