Утрински Весник
Македонија

Грковска-Ханџиска Трендафилова: Јавната администрацијата ќе биде носител на клучните реформи на патот кон ЕУ

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со директорката на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) Маја Ханџиска Трендафилова со која разговараше за можностите за унапредување на соработката во насока на зајакнување на капацитетите на јавната администрација во Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

РеСПА е регионална школа за јавна администрација, раководена од пет земји членки од регионот, односно од Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Вицепремиерката Грковска оцени дека зајакнувањето на капацитетите на администрацијата е еден од најважните приоритети на Северна Македонија, особено ако се има предвид почетокот на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Администрацијата треба да биде клучниот столб кој на себе ќе го понесе овој процес, но и неопходните реформи што мора да се спроведат и затоа мора да се работи на зајакнување на капацитетите и унапредување на ефикасноста.

Директорката Ханџиска Трендафилова оцени дека РеСПА може да даде сериозна поддршка во процесот на унапредување на состојбите во администрацијата, како преку компаративни искуства и успешни примери кои веќе во други земји дале резултати, така и преку конкретни проекти во делот на дигитализацијата на услугите, менаџментот на квалитетот, доброто владеење.

Можете да прочитате

Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини

Мицкоски: Во моментов не гледам причина, зошто би организирал уште една лидерска средба со Филипче

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја претвора М-НАВ во партиска филијала, партизацијата пред избори е во ек