Утрински Весник
Магазин

Стивен Спилберг го режира видеоспотот на Маркус Мамфорд

Стивен Спилберг го режира својот прв спот за првото соло музичко видео на Маркус Мамфорд.

dobivaj vesti na viber

Култниот режисер – познат по својата легендарна кариера на големото платно работејќи на филмови како „И.Т. Вонземјанинот“ и „Шиндлеровата листа“, како и серијалите „Паркот Јура“ и „Индијана Џонс“ – сега се пресели во светот на музиката.

75-годишниот режисер беше на чело на спотот за новиот сингл на фронтменот на „Мамфорд и синови“ (Mumford and Sons “).

Во својата објава на Твитер, Маркус откри дека Стивен го создал делото „во еден кадар“ користејќи го својот телефон и додаде дека сопругата на славниот режисер, Кејт, исто така присуствувала на снимањето.

„Во неделата, на 3 јули, во салата за вежбање на едно средно училиште во Њујорк, Стивен Спилберг го режираше своето прво музичко видео, во еден кадар, на својот телефон. Таму беше и Кејт Кепшо и таа помагаше во снимањето“, твитна пејачот.

Тој им изрази голема благодарност на Стивен, Кејт и на продуцентката Кристи Кригер за нивната поддршка.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста