Утрински Весник
Македонија

Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведени две лица

На 19.07.2022 во 17.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.Ш.(38) и Д.Ш.(36), двајцата од Штип.

dobivaj vesti na viber

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени саксија со засадено растение канабис, исушени листови од растението канабис, дробилка, боев куршум за автоматска пушка и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Европа и САД ги забрзуваат инвестициите во критичните минерали, Иловица сè уште чека реализација

Андоновски: Со поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–ОН ќе го унапредуваме Централниот регистар на население

Цистерна со техничка вода за потребите на Гостиварската болница