Утрински Весник
Спорт

ПСЖ му го понудил Нејмар на Сити, но Гвардиола категорично одбил

Францускиот првак Пари Сен-Жермен и понатаму се обидува да му најде нов клуб на Нејмар, а „Ла Паризиен“ тврди дека ПСЖ му го понудил и на Манчестер сити. Сепак, Пеп Гвардиола го одби тоа поради стравувањата дека Нејмар ќе ја расипе атмосферата во тимот.

dobivaj vesti na viber

ПСЖ сака да се раздели со бразилската ѕвезда, но тој има сигурен договор и нема намера да замине од „Паркот на принцовите“. Постоеја шпекулации дека можеби би можел да се пресели во Јувентус на заем, но тоа Нејмар категорично го негира.

Новиот тренер Кристоф Галтие не сака да има толку многу ѕвезди во тимот, туку балансиран и тркачки тим, со кој ќе јуриша на трофеите. Тој имал намера да го доведе Бернардо Силва од Манчестер сити доколку Гвардиола се согласи да го добие Нејмар.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027