Утрински Весник
Спорт

Баерн Минхен го претстави Де Лихт

Матијс де Лихт и официјално е нов фудбалер на германскиот првак Баерн Минхен. Тој го комплетираше трансферот од Јувентус откако денеска ги мина лекарските прегледи.
Де Лихт потпиша договор со Баерн Минхен до 2027 година.

dobivaj vesti na viber

„Многу сум среќен што ќе бидам дел од историјата на овој славен клуб“, изјави Матијс де Лихт при потписот на договорот.

Јувентус ќе добие фиксни 67 милиони евра, плус десет милиони евра во дополнителни бонуси.

22-годишниот одбранбен фудбалер претходно од Ајакс дојде во Јувентус во 2019 година.

Можете да прочитате

Лазаров повика 35 ракометари за подготовките за ЕП 2026

Љубослав Пенев се бори за живот

Почина легендарниот италијански тенисер Пјетрањели