Утрински Весник
Македонија

Бркотница кај Арачиново: Со автомобил бегале од полицијата и сакале да удрат во полицаец, па излетале од патот

Доцна синоќа на влезот во селото Арачиново, полицијата ги приведе Н.А.(46) од Арачиново и И.С.(44) од с.Огњанци, скопско.

dobivaj vesti na viber

Тие, со возило „мерцедес“, кое го управувал Н.А., на улицата „Македонско-косовска бригада“ не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, при што во знак на предупредување од полициски службеник бил испукан еден куршум во воздух, а потоа на влезот од Арачиново со возилото удриле во службено полициско возило и се обиделе да удрат и полициски службеник, по што излетале од патот.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

МЗ: Забрана за рекламирање и промоции на тутунски производи 

Коњановски: Потребно е да се подобри ефикасноста и рентабилноста на јавните претпријатија

Матичните изводи и здравствените потврди ќе се вадат онлајн