Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар на мигранти, со возилото ја скршил рампата за гранична контрола

Ноќеска околу 1:00 часот по полноќ во близина на границата со Грција, приведен е 30-годишен маж, осомничен дека превезувал мигранти.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, А.М.(30) од с. Инџиково, Скопско, се сомничи дека со неговото возило „ауди а6“, со скопски регистарски ознаки, превезувал 12 мигранти од Индија, кои се пронајдени и сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Околу 21:30 часот кај клучка Прдејци, возилото било забележано како со голема брзина се движи кон Гевгелија, а во 21:40 часот А.М. со возилото ја скршил рампата од кабина за гранични проверки, по што тој и мигрантите се дале во бегство. Набргу, мигрантите биле пронајдени, а по пребарување на теренот бил пронајден А.М. и бил лишен од слобода. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Собранието вечерва во портокалово – 16 дена активизам против родово базирано насилство

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец, во неготинско, се вршела идентификација и обдукција бидејќи телото било непрепознатливо

Објектите на приклучок на парно ќе мора да имаат инсталација за греење